Надвор повторно кочан: На што се жалат Македонците периодов?

 Во текот на минатата недела 1.121 пациент побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“. Од 15 сепетември 2014 до вчера на бројот 02/15 123 имало 81.444 повици

Како што информираат од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија. Најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија, а 25 доктори се достапни за медицински совет.

 
 
14.03.2016 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега