Поранешни професионални војници ќе потпишат договори за вработување

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе потпишува договори за вработување поранешни професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Согласно одлуката на Владата, вработени ќе бидат поранешните професионални војници, чиј договор за служба во АРМ завршил со навршување на старосната граница од 35, односно 38 години. 

Се работи за лица кои потоа останале невработени, а врз основа на Законот за служба во АРМ поднеле барања за вработување најдоцна до крајот на јануари годинава. 

 
 
14.03.2016 - 08:30
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега