ВЕТЕНОТО-ИСПОЛНЕТО: Груевски со одлични вести на Фејсбук

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски предмалку на социјалната мрежа Фејсбук објави дека е решен статусот на пожарникарите, со закон, што беше нивно барање посочено пред Груевски за време на неговата теренска посета во Охрид во ноември минатата година. Пожарникарите добиваат и бенефициран стаж и статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата.

-За време на теренската посета во Охрид која ја имав во ноември минатата година, во рамки на која имав редовни средби со граѓани, вработен во територијалната противпожарна единица ја истакна потребата од законско допрецизирање и регулирање на статусот на пожарникарите во Република Македонија. Тоа беше доволна причина, но и аларм да се изанализира состојбата и да се понуди квалитетно решение.

Станува збор за барање кон кое сериозно се пристапи, беа направени детални анализи и искористени компаративните искуства од другите држави, при што беа изработени и усвоени измени на законот за пожарникарство со што се излезе во пресрет на барањето на пожарникарите. Имено со решението кое беше преточено во закон, а кое овој месец стапува во сила се реши барањето на вработените во сите територијални противпожарни единици кои сега добиваат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата.

Со ова се овозможува и поголема заштита при извршувањето на нивните исклучително одговорни и значајни работни задачи и добивање на бенефиции и овластувања кој ги носи повисокиот статус. Покрај ова со законските измени, а согласно комплексноста, тежината и опасноста на работните задачи на пожарникарите, истите добиваат и бенефициран стаж, односно за секои 12 месеци ефективна работа ќе се сметаат 15 месеци стаж на осигурување. Имајќи ја во превид комплексноста на задачите кои ги обавуваат, како и ризикот на кој се изложуваат со оваа најнова измена практично се нуди долгорочно решение во корист на пожарникарите. Ова е добар и позитивен пример за тоа како отвореноста, блискоста со народот и реалниот пристап кон работите придонесуваат за системски решенија од интерес за граѓаните, пишува Груевски на Фејсбук.

 
 
13.03.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега