Трајковска–Алексовска: ВМРО – ДПМНЕ постојано им дава шанса на жените активно да учествуваат во донесувањето на важните политички одлуки

Денеска раководителката на агенцијата за вработување во Скопје Слободанка Трајковска – Алексовска се сретна со членките на Унијата на млади сили од општинскиот комитет Центар, каде што дискутираа за важноста на жената во политиката.

slobodanka

Трајковска – Алексовска на средбата истакна дека, македонското општество следејќи го трендот на Европските земји се повеќе ги намалува бариерите што ги спречуваат жените да земат активно учество во политичките процеси.
-Се повеќе жени секојдневно се вклучуваат во политичките сфери, ВМРО – ДПМНЕ постојано им дава шанса на жените активно да учествуваат во донесувањето на важните политички одлуки. Ние како жени кои сме дел од ВМРО – ДПМНЕ треба да сме посебно горди бидејќи сме постојано вклучени како во централниот така во извршниот и парламентарниот состав на нашата партија, посочи Трајковска – Алексовска.
Таа им порача на девојките од УМС Центар да не се откажуваат и да бидат истрајни во своите цели бидејќи тие како млади жени се важена алка во синџирот на општеството.
Покрај дискусијата за важноста на жените во политиката и другите општествени сфери тие на кафе дружбата дискутираа и за новите поволности и мерки кои оваа Влада ги донесе за младите луѓе во Република Македонија.
Девојките на УМС Центар ги поздравија мерките кои ВМРО – ДПМНЕ изминатиот период ги донесе. Тие истакнаа дека веднаш после нивната промоција тие како млади луѓе активно започнаа со користење на владините мерки за бесплатен автобуски и железнички превоз, кино, театар, жичарница и уште многу други поволности кои се дел од мерките и програмата за млади.
Во изминатиот период беа промовирани  40 проекти за млади од кои дел се веке спроведени а дел во блиска иднина ќе отпочнат со спроведување.
За младите ова е доволен показател дека ВМРО – ДПМНЕ води грижа за нив и нивните потреби.

 
 
10.03.2016 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега