Одбележување на Светскиот ден на бубрегот

Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи денеска ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот.

Централната манифестација ќе се одржи во Градската општа болница „8-ми септември“, а ќе биде организирана и едукативна работилница и спортски натпревар во основното училиште „Климент Охридски“ во Охрид. 

Изминатите денови во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот се одржаа едукативни работилници и дискусии на кои беа делени едукативни материјали со цел да се подигне свеста кај населението за бубрежните болести и нивната превенција.  

Годинава, акцент е ставен на превенцијата, а мотото е „Децата & бубрежните болести - дејствувај навреме за да ги спречиш“.

Светскиот ден на бубрегот (WKD) е настан инициран од страна на Меѓународното здружение за нефрологија (ISN) и Меѓународната федерација на бубрежни фондации (IFKF). 

 
 
10.03.2016 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега