Не очекуваат поројни дождови во Македонија

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во североисточниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната  од шест до 12 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но повремено ќе бидат обилни. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба кај нас, но за време на викендот, односно сабота и недела, повторно се очекуваат врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во југоисточниот и источниот дел на земјава. 

 
 
09.03.2016 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа