Младите задоволни од мерките кои ги најави Груевски, истите ќе придонесат за нивна подобра иднина

Младите задоволни од новите 6 мерки кои ќе придонесат за нивна подобра иднина.  Бесплатните ласерски корекции на видот  за студентите, бесплатни леќи за средношколците и студенти од 16 до 26 години стапува на сила од 2017-та.

Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ детално ги објасни придобивките од мерките кои се преточени од нивните барања и се веќе дел од  програмата на партијата.

Спортистите не го криеја своето задоволство од мерката бесплатен лекарски преглед за млади репрезентативци кои до сега беше на нивни товар а го правеа 2 годишно.

-Ова ќе биде исклучително голем поттик за младите да можат барем во националните првенства да се претстават, рече Мартин Несторовски, каратист.

И професионалните музичари добија субвенции. Проектот за финансиска помош  за купување на музички инструменти е уште еден од проектите наменети за млади, најавен е и студентски фестивал.

-Во Охрид, Штип, Битола и Тетово овој фестивал ќе трае по еден ден, додека во Скопје ќе трае по неколку денови на шест различни локации, рече претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

-Услов на секој музичар е да има добар инструмент. За добар инструмент се потребни навистина премногу средства особено во класиката. Јас свирам контрабас, инструментот ми е од 1000 евра па нагоре, рече Александар Темелковски, музичар и член на Либеро бенд.

Груевски вчера најави и отворање на дополнителни 3 најсовремени читални во Прилеп, Струга и Гевгелија. Со новите 6 последниот период владејачката партија промовираше вкупно 40 мерки за млади,а дел од нив веќе се реазлизираат.

Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение

 
 
09.03.2016 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега