ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се помири дека Македонија оди напред, далеку од пустошот во кој ја остави

СДСМ не може да се помри со фактот дека Македонија оди напред, далеку од пустошот во кој ја остави СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

СДСМ не може да се помири со фактот дека инвестициите во нивно време беа нула, а во време на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од 50.

СДСМ не може да се помири со фактот дека се многу споредливи резултатите во привлекувањето и овозможувањето услови за странски инвестиции и на таа споредба СДСМ котира на дното со огромна нула како резултат. Затоа СДСМ добива нули и на избори.

СДСМ не може да се помири со фактот дека до денес се отворени над 150.000 нови работни места, а во нивно време беа отпуштени од работа 200.000 работници преку криминалната приватизација и транзиција.

СДСМ не може да се помири со фатот дека денес се отворени десетици фабрики низ цела Македонија како Кромберт и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс во Штип и Струмица, Ван Хол, Амфенол во Кочани, ОДВ електрик во Охрид, Кемет електроникс, Витек, Маккарт во Велес, Техникал Текстајл во Штип, Антура во Кочани, Ендава, КСС во Кичево, Кофикаб, Ејпленд во Ресен, Гришко во Демир Хисар, странски инвестиции кои за СДСМ се мисловна именка.

За разлика од денес, во време на СДСМ беа затворени 684 фабрики од кои егзистенција обезбедуваа илјадници семејства во Македонија.

СДСМ не може да се помири со фактот дека владата на ВМРО-ДПМНЕ успева во услови на светска криза да обезбеди инвестиции дури и во општина Струмица во која нивниот лидер сеуште поседува празна ливада која ја нарекува индустриска зона Сачево. Нема ни трага ни глас од најавените 300 фабрики и 3000 нови работни места кои помпезно ги најавуваше Зоран Заев.

СДСМ не може да се помири со фактот дека владата на ВМРО-ДПМНЕ враќа повеќе од 40 кредити подигнати од СДСМ, пари кои испариле во воздух, а паралелно вложува милијарди во инфраструктурата, земјоделството, здравството, образованието.

СДСМ не може да се помири со фактот дека денес невработеноста е спуштена на рекордно ниско ниво од 24,6%, а во нивно време изнесуваше над 39%.

Затоа денес мора СДСМ да ги избегнува бројките и фактите и да се служи со лаги и манипулации.

За несреќа на СДСМ граѓаните лесно може да направат разлика за тоа што СДСМ направил или прави за привлекување на инвестиции. Тоа граѓаните го вреднуваат и ценат, а својот став ќе го кажат на 5 јуни кога на изборите ќе им испорачаат уште еден катастрофален пораз на деструктивците од СДСМ кои работат против интересите на државата.

Инвестиците во Македонија се видливи и од нив имаат бенефит сите граѓани.

СДСМ тоа не може да го види бидејќи цел овој период се зафатени со отворање на ланец фабрики за афери од брендот Чауш или со отворање на експозитури од менувачницата на Вицето во која завршува по едно евро од секоја матна зделка на Зоран Заев.

Но народот гледа и народот казнува. Десеттата казна по ред за СДСМ е на прагот.

 
 
09.03.2016 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега