Директорот на ФЗОМ ја посети Клиничката болница во Битола

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Стефаноски во рамки на денешната работна посета на Клиничката болница-Битола од директорот на таа јавна здравствена установа, Василе Најдовски беше информиран за текот на реконструктивните зафати и начинот на трошење на финансиските средства кои болницата ги добива од Фондот.

Стефаноски, како што пренесува МИА, истакна дека годинава финансискиот фонд на Клиничката болница-Битола е зголемен за 20 милиони денари и изнесува 602 милиони денари кои ќе се користат за развој на нови методи во Клиничката болница како регионален центар.

-Нашите стратешки приоритети се поставени на неколку столбови, односно подобрување и унапредување на здравствената инфраструктура што значи градба на нови здравствени објекти и реконструкција и реновирање на посточеките. Во овој момент, Клиничка болница-Битола ја врши првата фаза од комплетната реконструкција на болницата, замена на прозорците, замена на кровната контрукција и подготовка на градежните активности за нова термоенергетска фасада која ќе биде завршена до крајот на октомври. Тоа е инвестиција од  107 милиони денари, посочи Стефаноски.

Тој истакна дека во втората фаза од реконструкцијата на болницата предвидени се внатрешните објекти, амбулантите, а ќе бидат изградени 4 нови операциони сали и 2 нови лифтови.

Завршува, нагласи, изградбата на бункерот во вредност од 48 милиони денари кој е подготвен и наскоро ќе биде монтиран акцелераторот кој го набави Министерството за здравство во вредност од  1,7 милиони евра.

– Во оваа Клиничка болница во изминатите години вложени се околу 6 милиони евра во нова опрема која значително го подобри дијагностицирањето на болестите и нивно лекување. Во меѓувреме во Клиничка болница-Битола се врши доедукација на лекарите со нивно усовршување во странство, а инвестираме и во подобрување на организацијата во делот на функционирањето на здравствените установи и финансиско стабилизирање на истите, додаде Стефаноски.

 
 
09.03.2016 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега