ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака слободни медиуми, сака потполна контрола врз нив

СДСМ не ги знае основните потреби на МРТВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Овој предлог на СДСМ е неприменлив и спротивен на стандардите во ЕУ, каде што тенденцијата е националните радио-дифузни сервиси да се финансираат токму преку радио-дифузната такса.

Долговите кои до ден денес се провлекуваат во МРТВ се наследство токму од СДСМ и нивното недомаќинско работење со националниот сервис.

Се што знае СДСМ во врска со работењето на МРТВ е како да ја задолжи во огромни долгови, односно како да ја нарекува националната телевизија свој политички непријател.

За СДСМ има два типа на новинари и медиуми – оние кои седат на кафанска маса со Зоран Заев и кои му отстапуваат илјадници секунди секој ден за промовирање на манипулациите и деструктивните кампањи на СДСМ и оние кои не се под диктат на Бихаќка.

За новинарите кои не се послушници на Заев, тој го вели следното:

„Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, вие сте српски шпиуни, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“

Ова е речник на Зоран Заев кон телевизиите кои не се покоруваат на тоталитарниот медиумски дискурс на СДСМ. Ова е речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија. Ова е скандалозен однос на човекот кој на избори ќе ја бара поддршката од народот.

Кога нема да ја добие, тогаш и народот ќе му е непријател, па ќе го нарекува „стока и стадо овци“ како што СДСМ го нарекува народот кога се соочува со огромните изборни порази.

Заев и СДСМ бараат реформи од медиумите кои не го слушаат нивниот диктат. СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака потполна контрола на медиумите.

Исти желби како СДСМ имаат и властите во Северна Кореја и ИСИС.

 
 
08.03.2016 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега