Значајни проекти за младите: 50% помала партиципација за студентите од самохрани и еднородителски семејства

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес промовираше нови значајни проекти за младите лица.

Првиот од нив е наменет за младите кои доаѓаат од самохрани или еднородителски семејства.

-Ќе ја намалиме партиципацијата за 50 отсто за студентите од самохрани и еднородителски семејства.. ВМРО-ДПМНЕ континуирано води грижа сите граѓани да имаат еднаков пристап до високото образование. Социјалниот статус не треба да биде пречка. Предвидуваме намалување на партиципацијата за 50 проценти на државните факултети, сите години од студирање, рече Груевски.

Мерката ќе почне да се реализира од септември 2017-тата, во соработка со МОН и МТСП.

Владата на Република Македонија согласно законот за високо образование досега ги ослободи од партиципација дечињата од социјално ранливите категории и децата без родители.

Средствата за партиципацијата се покриваат од Буџетот на Република Македонија.

 

 
 
18.02.2016 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега