Пратеникот Николоски на средби со германски парламентарци во Бундестагот

 

Пратеникот Александар Николоски во рамки на својата посета на Берлин, Германија, имаше средба со пратениците во германскиот Бундестаг, Тобиас Зек, Ханс- Петер Ухл, Волкер Улрих и Вилфред Оелерс.

На средбата Николоски ги запознал соговорниците со актуелните политички случувања, имплементацијата на договорот од јуни/јули, изборите на 24-ти април, евроатлантските интеграции на Македонија и справувањето со бегалската криза имајќи предвид дека Германија е најпогодена земја во ЕУ, а Македонија е на главната рута на бегалците.

Соговорниците, како што стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, ја истакнале потребата од одржување на изборите на 24 април согласно договорот заради завршување на политичката криза во Македонија и справување со предизвиците со кои е соочена земјата.

По срдбата пратеникот Тобиас Зек објави пишана изјава. 

- „Писмена декларација за парламентараните избори на 24-ти април во Република Македонија. Изборите се најважниот дел на секоја демократија. Тоа е денот кога граѓаните ги избираат своите претставници. Ниту една партија, организација или институција не може да го попречи ова право.

Ги поздравуваме и поддржуваме парламентарните избори на 24-ти април во Република  Македонија како најголема демократска можност за граѓаните да ги изберат своите претставници во Парламентот, да изберат кој ќе ја води државата во следните четири години.

Укажуваме дека политичкиот договор од јуни/јули минатата година за надминување на политичката криза во Македонија е имплементиран со добра волја и изборите се последниот и најважниот дел од него.

Го повикуваме опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија да не ги бојкотира изборите поради сопствени теснопартиски интереси. Бараме Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи, предводено од опозицискиот СДСМ, согласно договорот од јуни/јули веднаш да ги направат сите подготовки за кредибилни избори и да го прочистат избирачкиот список што е можно поскоро, и на тој начин да  обезбедат кредибилни избори. Го повикуваме опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија да него  попречува овој процес.

Ги повикуваме сите релевантни европски институции како ОДИХР, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Парламентарното собрание на ОБСЕ да распоредат  свои набљудувачки мисии за да ги надгледуваат изборите на 24-ти април.

Ја поддржуваме интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и Северноатлантската организација (НАТО) и укажуваме дека евро-атлантската интеграција е заедничка одговорност и на владеачките и опозициските партии.

Се надеваме дека сите политички партии потписници надоговорот од јуни/јули ќе го почитуваат истиот, ќе учествуваат на изборите на 24-ти април и на тој начин ќе го забрзааат интегративниот процес за Република  Македонија и нејзините граѓани, се наведува во пишаната изјава на пратеникот во Германакиот Бундестаг, Тобиас Зек.

Предвидено е пратеникот Николоски и денеска да има повеќе средби во германскиот Бундестаг. 

 
 
18.02.2016 - 11:56
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега