Партиските групи ги продолжуваат разговорите за медиумите

Партиските работни групи со посредство на Питер Ванхауте се очекува денеска да ги продолжат разговорите за реформирање на медиумската сфера.

На синоќешната рунда разговори на која присуствуваа и амбасадорите на ЕУ и на САД, Џес Бејли и Аиво Орав, биле разгледани одредени нови идеи, но без конечен договор.

По средбата никој од учесниците не даде изјава. Со кратка порака на Твитер се огласи само Ванхауте кој напиша: „има напредок, ќе ги продолжиме разговорите утре попладне“.

Во изјава за медиумите пред вчерашната средба Ванхауте рече дека останува да се направи уште многу, но оти  состојбата не е безнадежна и затоа и се разговара. - Ќе продолжиме што поскоро, а потоа ќе видиме што ќе се случува наредните денови. Но, не сум сигурен дека ќе успееме. Советот на Агенцијата на медиуми е важен како нејзиниот состав, а исто така владиното рекламирање. Тоа ќе бидат главните теми, изјави Ванхауте.

 
 
18.02.2016 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега