Преминот Богородица повторно блокиран

 

Гевгелиските таксисти и приватните автобуски превозници најмалку до петок ќе продолжат со двочасовните блокади на граничниот премин „Богородица“ во редовните термини од 10 до 12 часот, соопштија утрово од здружението на таксистите.

Појаснуваат дека ќе бидат трпеливи во очекување на одговор на нивното барање од страна на надлежните институции од кои е ветено дека до петок ќе се разгледа настанатиот проблем околу превозот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија кон Табановце.

- Информирани сме дека денеска на таа тема ќе расправа Центарот за управување со кризи, а дека во петок конечна одлука треба да донесе Координативното тело за справување со кризи. Првиот договор што беше постигнат се почитуваше само еден ден. Од донесената одлука во петок ќе зависи дали штрајкот на таксистите ќе прекине или ќе се прошири,рече претедателот на таксистите,Миле Ангелов

 
 
17.02.2016 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа