Иванов во Брисел на состанок за мигрантската криза

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Брисел ќе учествува на работната вечера што ја организира претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск на која ќе се расправа за мигрантската криза.

Покрај шефот на македонската држава, на средбата ќе присуствуваат и претседателот на Србија Томислав Николиќ, премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ, како и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Како што објави прес-службата на Доналд Туск, на средбата во Брисел ќе се разговара за последните случувања во регионот во контекст на мигрантската криза, за имплементацијата на мерките на Советот на ЕУ, за хуманитарната помош и за состојбата и менеџирањето со надворешните граници на ЕУ.

 
 
17.02.2016 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега