За Ременски одбраната на партиските кадри пред здравјето на децата

Tехничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, денес ја посети јавната установа за Дом за доенчиња во Битола при што даде груба изјава со цел да го заштити сопственото решение за в.д директор на таа установа.

Разрешената директорка Наташа Младеновска Лазаревска ги демантираше обвинувањата  и тврди дека додека била на оваа функција во Домот немало деца заболени од шуга.

-Никогаш до мене не стигнала информација дека во Домот има деца заболени од шуга и најодговорно тврдам дека обвинувањата не се точни. Додека бев директор беа запазувани сите процедури за пријавување на сите инфективни заболувања кај децата и тоа преку здравствената служба во Домот и тоа е нивна обврска. Доколку имало такво заболување зошто не било пријавено од  оваа служба? Децата имаат и матични лекари, кои  исто така, требало да пријават ако имало такви случаи. Еднаш месечно во Домот доаѓа лекарска комисија која ги прегледува децата по случаен избор и е невозможно да се сокрие ваква состојба, изјави Младеновска-Лазаревска.

Ташевска Ременски префрлајќи ја вината на медиумите за своите неуспеси се губи во сопствените лаги. Имено, болеста “скабиес” се третира и лекува за 14 дена односно за две недели и притоа невозможно е децата да заболеле од таа болест пред неколку месеци, а дури сега да се на праг на излекување.

Доброупатени извори од институцијата потврдуваат дека нехигиената е причина за ова кожно заболување и тоа последниот месец. Наместо техничката министерка со изјави полни со манипулации да ја брани в.д директорката треба сериозно да се посвети на условите во Домот кои периодов се значително влошени.

 
 
16.02.2016 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа