Македонија добитник на наградата за најдобра национална презентација на саемот за туризам во Бугарија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија на саемот за туризам во Софија, Бугарија- HOLIDAY&SPA EXPO 2016 (11-13.02.2016), каде ја претстави својата туристичка понуда, ја доби овогодинешната најпрестижна награда – најдобра национална презентација на HOLIDAY&SPA EXPO за 2016 година.

На гала вечера, наградата беше врачена лично од министерката за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова,која стави акцент на одличната соработка на полето на туризмот помеѓу Македонија и Бугарија.

На почетокот на месец февруари годинава, на средба со министерот за економија на Република Македонија, Беким Незири и директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Лела Крстевска, двете земји ги дефинираа точките на заедничко делување во областа на туризмот:

– настап на далечни пазари во трети земји;

– подеднаква застапеност на приватниот сектор.

Наградата за најдобра национална презентација која ја доби АППТРМ ги потврдува заложбите на Македонија за успешно презентирање и промовирање на земјава како туристичка дестинација низ светот, како и промоција на туристичките капацитети кои ги нуди Македонија.

Бројот на туристии бројот на ноќевања од Бугарија се зголемуваат во континуитет во последните 5 години, само за споредба, во последната година е забележан раст во бројот на туристи од Бугарија за 11%, додека бројот на ноќи 8% – бројки што го прават бугарскиот туристички пазат атрактивен за нашите туристички работници.

На 33-тото интернационално претставување на туристичката понуда во Бугарија својата понуда ја преставија 380 учесници од светот, а само на првиот ден саемот го посетија повеќе од 15 000 гости.

 
 
16.02.2016 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа