Македонското друштво „Илинден“ го осуди барањето на СЈО за притвор на Темелко

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо, најостро ја осудуваат мерката за приведување по наредба на Специјалното јавно обвинителство на градоначалник на општина Пустец – Мала Преспа, Едмонд Темелко.

– Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат „итно извинување“ за навреда на неговата чест и углед, што во истовреме е и навреда за Македонците во Република Албанија, стои во соопштението на здруштвото.

Приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко, се наведува понатаму во соопштението, „Илинден“ го оценува како антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден” и неговиот огранок за Голо Брдо најостро ги осудуваат и ги сметаат за срамни коментарите на Јулиан Ангелов генерален секретар на ВМРО-БНД и пратеник во бугарското собрание.

 
 
16.02.2016 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа