ЖУРНАЛ: Заминаа ли Шекеринска и сопругот од Македонија?

Заминаа ли од Македонија Радмила Шекеринска и нејзиниот сопруг Божидар Јанковски? По големиот скандал, заменичката на Заев и Бобо-Дајнерс доцна попладнево побрзале да најдат начин и помош како да се справат со кривичното гонење.

Според нашите информации, овој брачен пар попладнево оделе по амбасади и барале помош како да избегаат од можните последици по овој скандал. Се уште не е познато дали Шекеринска и Јанковски ја напуштиле земјава, но нашите информации говорат дека се обиделе да го направат тоа.

Тој заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањата, во време кога МВР е под раководство на сопартиецот на Шекеринска, Оливер Спасовски.

Пријавата се разгледува и не се знае дали ќе биде побаран притвор.

Во Јавното обвинителство се водела сериозна дебата дали Јанковски да биде притворен. Преовладувало мислењето дека сопругот на Шекеринска  може да го повтори делото и да влијае на истрагата, што е еден од уловите за тој да биде притворен. Сериозно бил земен предвид и фактот дека Бобо Дајнерс е прилично богат и може да се даде во бегство.

Според пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009та до 31 12 2013та односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.

Вкупно за периодот од 5 години од сметката на дајнерс на сметката на сопругот на радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300 000 евра.

Од извршениот увид на управните служби на МВР утврдено е дека прво пријавениот и членовите на неговото семејство просториите кои ги изнајмувале ги имале пријавено и како адреси на кои живеат а впрочем на овие адреси и живееле.

 

Во текот на истрагата според неофицијални информации , осомничениот тврдел дека станбениот простор кој го закупувал во име на Дајнерс бил користен и од странски државјанин . Но при проверките во евиденциите за странски државјани утврдено е дека лицето споменато од осомничениот воопшто нема пријавено привремен престој односно утврдено било дека Божидар Јанковски дал лажен исказ.

Извор: ЖУРНАЛ

 
 
15.02.2016 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега