МФ:Законски нема потреба од согласност од Наумов за аукција на државни хартии од вредност

Од Министерството за финансии велат дека нема потреба од согласност од дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов за одржување на аукцијата на државни хартии од вредност, бидејќи одлуката на Управниот суд е неправосилна и обжалена на Виш Управен суд.

Дотогаш на сила е одлуката на Државната изборна комисија која вели дека дополнителниот заменик министер за фианнсии Кире Наумов нема право на вето на аукции на државни хартии од вредност, бидејќи истите не го повредуваат изборниот процес и се редовна активност.

Од Министерството за финансии велат дека аукциите се предвидени со Буџетот за 2016 година, гласани се во Собранието и дека објавените аукции на државни хартии од вредност се во тие рамки. Денеска дополнителниот заменик министер Наумов имаше прес-конференција на која објави дека иако не дал согласност за утре е закажана аукција на државни хартии од вредност.

 
 
15.02.2016 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа