КУРИР: Шуга во домот за доенчиња - кадрите на Ременски несовесно ги водат институциите

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски ќе остане препознаена  по грубата партизација, политичкиот реваншизам и преку во кадровите разместувања и разрешувања, пренесува Курир.

Ременски се обидува да остави впечаток на министер кој наводно”расчистува” неред, но практично позади себе остава огромен хаос, а за тоа и служи партискиот кадар препорачан од општинските организации на нејзината партија.

Несовесноста на нејзиниот кадар кој веќе од декември наваму управува со институциите се одрази на здравјето на децата во Јавна установа за доенчиња и мали деца Битола, која во моментов ја води партискиот кадар Соња Илијевска.

Дојдовме до информации дека инспекција пред 5 дена извршила надзор во установата при што констатирала дека 6 деца се заболени од шуга (скабиес). Дополнително, во меѓувреме уште 3 доенчиња бебиња се заразиле со шуга.

Тоа само по себе говори за новата в.д. директорка во таа институција, како се грижи кадарот поставен од Фросина Ременски за здравјето на децата и вработените.

Ова е невиден скандал, поради неспособните партиски кадри поставени од техничката министерка Ременски трпат најранливите категории, доенчиња и деца без родители се заразија од шуга поради нивната негржа и поради нивната неажурност.

После блокирањето на многубројните проекти, свесното кршење на законите, поставувањето на вд директори кои не исполнуваат услови согласно закон да бидат директори, овој скандал го продлабочува хаосот и безредието кој го создаде техничката министерка Фросина Ременски.

 
 
15.02.2016 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа