Кога лаже Катица Јанева?

Press24 дојде до двете изјави на Катица Јанева доставени до Владата на 21.09.2015 година, само една недела после нејзиниот избор за Специјален јавен обвинител.

Во првата која е наведена во барањето, Катица Јанева тврди дека не поседува стан или куќа во Скопје и бара да и се одобри на користење службен стан или да и се определи надомест за закупнина на стан во Скопје бидејќи живее на повеќе од 100 километри оддалеченост од градот.

Во втората изјава приложена кон барањето, Катица Јанева пред нотар отстапува од првата изјава и вели дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат во сопственост или под закуп стан или куќа во Скопје со површина од најмалку 80м2

Овој исказ е сосема спротивен од првиот, а во очи паѓаат оние 80м2 кои ги нема во првичната изјава.

Токму тие 80м2 зачудуваат бидејќи барањето на Катица Јанева е поднесено врз одлуката за начинот и постапката за остварување на надоместокот за закупнина на стан, а во неа никаде не се споменува таа квадратура.

Имено, одлуката е јасна и таму точно се предвидуваат просторните норми во кои никаде не стои дека на Катица Јанева би и следел стан од 80м2

Одлуката точно ги пропишува условите под кои би можел да се издаде стан под закуп.

Единствено логично образложение зошто Катица Јанева споменува дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат стан од над 80м2 е фактот дека Катица Јанева веќе имала наведено во анкетниот лидер дека на име на нејзините деца се водат два луксузни стана во центарот на Скопје кои навистина се под 80м2.


Клик за поголема верзија

 

Како што вчера објавија некои медиуми Катица Јанева становите ги префрлила на име на децата непосредно пред да биде именувана за Специјален јавен обвинител, а измената во катастарот е направено дури откако го испратила барањето.

Засега нема реакции ниту објаснувања од Катица Јанева дали становите кои се на име на нејзините деца се издаваат и добива екстра приходи од кирија, па не може да престојува во нив и мора да бара нов државен стан или постои некоја друга причина поради која одлучила да бара дополнителни средства од државата
 

 
 
10.02.2016 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа