До вчера пролет среде зима а денеска... - погледнете што се случува низ Македонија

До вчера пролет среде зима, а денеска веќе не очекува многу дожд. 

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите позастапени ќе бидат во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и над 20 л/м2. Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје  времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен повремено силен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со умерен јужен ветер. 

Ова се моменталните температури. Сонце речиси и нема никаде.

 
 
10.02.2016 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега