Ново продолжение на 91. собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи ново продолжение на 91. седница.

На дневен ред на ова продолжение се Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, во второ читање.

Во скратена постапка се измените и дополнувањата на Законот за Управата за јавни приходи, измените на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), измените и дополнување на Законот за Централен регистар, измените на Законот за државната статистика, на Законот за финансиската полиција, на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за државната ревизија, на Законот за јавните набавки, на Законот за воздухопловство, по скратена постапка, измените и дополнувањата на Законот за вработените во јавниот сектор, на Законот за авторското право и сродните права, дополнувањата на Законот за здравственото осигурување,

Во прво читање се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за обезбедување на побарувањата, измените на Законот за полиција, измените и дополнувањата на Законот за домување, на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за јавните патишта, на Законот за воздухопловство, на Законот за градежно земјиште, потоа измените и дополнувањата на на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, на Законот за железничкиот систем, на Законот за сигурност во железничкиот систем, на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, на Законот за внатрешната пловидба, на Законот за гробишта и погребални услуги...

На дневен ред е и Предлог законот за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести во прво читање, измените и дополнуањата на на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, повеќе предлог одлуки и автентични толкувања.

 
 
10.02.2016 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа