Надзорната собраниска Комисија во посета на УБК

На иницијатива на Собраниската Комисија  за надзор над работата на УБК и АР  денеска, во просториите на УБК, се одржа работна средба на која од страна на Управата беше презентирана актуелната безбедносна состојба во Македонија од аспект на екстремизам, тероризам, илегална миграција и бегалската криза и  активностите што Управата согласно законските надлежности ги презема на планот за спречување и детектирање на заканите и ризиците од загрозување на уставното уредување на Македонија, вклучително и тероризмот.

Како што соопшти МВР, посебен акцент е ставен на мигрантската криза како актуелен безбедносен проблем особено од аспект на можно инфилтрирање на странски терористички борци меѓу мигрантите. Во таа насока е потенцирана потребата од зголемување на мерките и активностите во правец на идентификување, превенција и пресекување на протокот на борци кои доаѓаат од кризните жаришта.

Директорот на Управата изрази благодарност за подршката и интезивираната соработка меѓу Комисијата и УБК со што се создаваат реални предуслови за поефикасно остварување на контролата и надзорот на УБК.

 
 
09.02.2016 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа