Наумов: Запишани нови записи од 8,56 милиони евра

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во соопштение наведува дека денеска на аукцијата се запишани 15.627 милиони евра, а за враќање доспеваа само 7.07 милиони евра, односно запишани се 8.56 милиони евра нов нето долг.

- Со денешната аукција на државни хартии од вредност, како што наведува Наумов, јавниот долг на РМ достигна нов рекорден износ од 4 милијарди и 300 милиони евра.

Посочува дека е реализиран 15 отсто од дефицитот за 2016 година со одржани 4 аукции на државни хартии од вредност. 

Наумов го повика Управниот суд на РМ да се произнесе по тужбата што ја поднесе на 22 декември 2015 годна против одлуката на Државната изборна комисија.

 
 
09.02.2016 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега