Средба Ахмети-Бејли: Со избори на 24-ти април ќе заврши кризата во Македонија

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на ДУИ во Тетово го пречека амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли.

Ахмети и Бејли разговараa за актуелната политичка криза во земјата, спроведување на договорот од Скопје, како и за вонредните парламентарни избори.

Претседателот на ДУИ зборуваше за важноста на одржувањето на веродостојни и демократски избори на 24 април, со цел да се заврши оваа криза која ја држи во заложништво целата земја.

-Договорот согласен меѓу четирите лидери со помош на меѓународната заедница мора да се почитува, и секоја промена ќе значи нов договор со нова агенда. Земјата го очекува самитот на ЕУ во јуни кога ќе се преиспита условната препорака на Европската комисија, го очекува и Самитот на НАТО во јули со агендата за проширувањето на Алијансата, но, исто така, ја очекува и вонредната криза со бегалците со кои се соочува.Сите овие предизвици, заедно со итна потреба за стабилноста и безбедноста во земјата ја наметнуваат потребата да има стабилна влада и стабилни институции, што е можно поскоро, наведено е во партиското соопштение.

Ахмети го информираше амбасадорот Бејли за заклучоците на Генералниот совет на ДУИ, во која е наведено структурите на партијата да се придонесе во конструктивна изборна атмосфера, да пријават било какво заплашување на избирачите, но, исто така, ги покани граѓаните да се приклучат во овој процес, додека во исто време ДУИ е посветена да ја почитува транспарентната и непристрасната работа на специјалниот јавен обвинител.

-Ахмети, исто така, изрази загриженост поради неодговорноста на политичарите кои имаат информации за криминалци и фабриканти кои имаат за цел подготвување на измама и монтирања со ниски цели.Овие избори се исклучително важни, затоа партиските лидери мора да покажат највисока одговорност за иднината на земјата додека граѓаните да не подлегнуваат на пред тест кампањи и обвинувања, туку да ги оценат понудите за развој, стабилност и безбедност, заклучено е во соопштението на ДУИ.

 
 
09.02.2016 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега