Пешевски: Следат добри денови за македонската индустрија и домашните компании

Се поголем број на домашни компании стануваат партнери на странските компании кои инвестираат во Македонија, истовремено се отвораат и специјални фабрики како што е случајот на „Актива“ во Штип, се со цел да бидат добавувачи, беше заклучено на денешниот работен состанок на тема „Странските инвестиции во Република Македонија“, на тимот за странски инвестиции.

Еден од долгорочните ефекти кои што се очекувани од странските инвестиции е тоа домашните компании да станат добавувачи на странските компании, подвлече вицепремиерот Владимир Пешевски.

-Целта е тоа да оди во две насоки: една е да ги снабдуваат фабриките во слободните економски зони ама за да го направат тоа е потребно д ги постигнат стандардите кои ќе им овозможат да извезуваат понатаму и надвор од Македонија. На еден начин создадовме една извозна оаза во Македонија или место каде што нашите компании ќе тренираат и ќе се надградуваат за да можат понатаму да извезуваат надвор, подвлече Пешевски.

Бројот на такви добавувачи расте постојано, а во овој момент преку 500 компании со домашен капитал работат со компаниите во слободните економски зони.

-Како што расте бројот во зоните, како и во индустриските зони така ќе расте и бројот на домашните компании, како и бројот на вработени во тие компании. Она што последно го најавивме заедно со директорот на слободните економски зони дека Ван Хул отвора нова фабрика, тие велат дека 150 лица директно во надворешни компании од Македонија ќе треба да работат за нив, додаде Пешевски.

На состаноците кои што ги имаме со странските компании, додаде Пешевски како точка, дел од Акциониот план ни е соработка на странските компании со домашните компании.

-Посебно од заедно со Светска банка и со AFC има еден проект кој што во моментов е во фаза на пилотирање, при што 5 домашни компании со кои што директно ќе се работи и со Светска банка и експерти за да видиме што е потребно за да ги направиме конкурентни на светско ниво, подвлече Пешевски.

Пешевски подвлече дека и денеска имал состанок со претставници од Светска банка за уште еден проект, конкретно за автомобилска индустрија за домашните компании со цел да се зголеми нивната конкурентност.

-Можам да заклучам дека следат добри денови за македонската индустрија, заклучи Пешевски.

 
 
09.02.2016 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега