КУРИР: Лажен исказ или лакомост на Катица Јанева?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 21 септември 2015 година побарала службен стан од Владата на Република Mакедонија или пак закупнина на стан во Скопје.

Како што дознава Курир, во барањето упатено до Комисијата за стамбени прашања при Владата на Република Македонија, Јанева навела дека живее на повеќе од 100 километри од Скопје и дека очекува позитивен одговор согласно Одлуката за начинот и постапката за остварување на надоместокот за закупнина на стан. Ова барање е доставено само на една недела по нејзиниот избор за прв човек на СЈО.
 
Во него како аргумент Јанева наведува дека не поседува во сопственост стан или куќа во Скопје. Во прилог на тврдењето Јанева до комисијата приложила и изјава од нотар. Во нотарската изјава Катица Јанева практично отстапува од исказот наведен во барањето упатено до Влатата и тврди дека таа и членовите на потесното семејство немале во сопственост или под закуп стан или куќа во површина од најмалку 80 м2 во Скопје.
 
Зошто Јанева одлучува да ги вметне овие 80 м2 во исказот пред нотар, кога самата претходно тврди дека НЕМА НИКАКОВ имот станува јасно ако се погледне нејзиниот имотен лист.
 
Од тоа што може да се утврди, овие два стана се под 80 м2 и веројатно тоа е причината за манипулацијата, односно разликата во барањето упатено до владата и исказот даден пред нотар. Според информациите кои ги имаме до ноември се уште не е извршена промена во катастарот и префрлање на становите на име на нејзините деца. Дали станува збор за давање на лажен исказ, што е кривично дело или обид да се извлече лична корист од функцијата на која што беше поставена заради надминување на кризата ќе покаже натамошната постапка.
 
 
09.02.2016 - 14:38
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега