Не очекува сончев, но студен ден

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на денот постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје слично време, малку до умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во утринските часови ќе има негативни утрински температури, а преку денот температурата ќе биде во покачување.

 
 
06.02.2016 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега