Туристичката понуда на Македонија се промовира во Брисел

Во наредните неколку дена Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја промовира Македонија пред белгиските туристи на саемот за туризам во Брисел. Тур операторот Томас Кук-Белгија ја зајакнува својата соработка со македонските тур оператори со што Македонија веќе се најде на нивниот продажен каталог за 2016 година. Од Томас Кук -Белгија велат дека расте и интересот за Македонија од страна и на нивната продажна мрежа во светот.

-Како и секоја година, така и оваа Република Македонија учествува на саемот за туризам во Брисел што претставува значаен придонес како за туризмот, така и за целокупната економија. Ова е можност граѓаните на Белгија да се запознаат со туристичката понуда на Македонија која може да им понуди она што белгијците го немаат, изјави  Лазар Еленовски, амбасадор на Република Македонија во Белгија.

На саемот за туризам во Белгија делегација на АППТ одржа состаноци и со најголемите Белгиски и Европски туристички организации и асоцијации – “Association of Belgian Tour Operators” (Асоцијација на белгиски туристички организации), “The European Travel Agents and Tour Operators Associations”(Европска асоцијација на туристички агенции и тур оператори) и“BelgiumTourismOrganization” ( Туристичка организација на Белгија), од кои произлегоа одлични можности за ширење на мрежата на соработници на Македонија во Белгија. “Salon des Vacances” е најголем саем за туризам во Белгија кадешто својата понуда ја изложуваат околу 500 дестинации од светот, а ко-учесници на македонскиот штанд се и ТА Фибула и Бохемиа.

 
 
05.02.2016 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа