Државата одобри лекување во САД на 8-годишнатa Ели - да и помогнеме!

Фондот за здравство одобри малата Ели да остане во болницата во САД уште 16 дена на државна сметка, откако американските доктори препорачаа дека таа по операцијата треба да остане подолго од првично предвидените седум дена.

Тоа не значи дека донациите од граѓаните треба да престанат, бидејќи неизвесно е кога Ели поради нејзината здравствена состојба ќе може да излезе од болница.

Потоа, треба да остане во САД минимум шест недели на надгледување, период кој нејзините родители не можат да го издржат финансиски, а ѝ следува уште една, завршна операција, за доживотно да се излечи осумгодишното девојче од болеста која статистички погодува едно од два милиона деца.

Од Фондот за здравство велат дека максимално брзо одговориле на барањето за лекување на девојчето.

Повеќе од 10.000 граѓани ја споделија сторијата за Ели девојчето кое осум години помина во болничките соби.

Судбината на Ели го погоди и малиот Јован кој за да помогне свиреше гитара на скопскиот плоштад, собирајќи пари за нејзиниот престој во САД.

070/143-111 – само за корисниците на Телеком

077/143-775 – само за корисниците на ВИП

075/143-114 -само за корисниците на  ОНЕ

Сметка за Ели:

– Денарска

300001000024155

Комерцијална банка

Елена Додевска

– Девизна
Dodevska Elena

IBAN: MK07300307063080823

BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

KOMERCIJALNA BANKA

 
 
05.02.2016 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега