Јолевски на средби во Белата куќа, Стејт департментот и Пентагон

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Вашингтон ќе се сретне со претставници на Белата куќа, Секретаријатот за одбрана и Стејт департментот.

Министерот Јолевски, кој во текот на вчерашниот ден имаше средби со претставници на американскиот Конгрес, изјави дека во овие разговори фокусот на интерес е на мигрантската криза и регионалната состојба, како и на политичката ситуација во Македонија.

- За време на посетата на Вашингтон имав бројни средби со претставници на Сенатот и Конгресот, со претставници на невладини тинк-тенк организации, а во текот на денешниот ден ќе имам средби во Белата куќа со советникот на претседателот Обама за Европа, Селест Валетер, и се разбира средби во Стејт Департмент и во Пентагон. Исто така имав два настапи овде во Германскиот Маршалов Фонд и во Сенатот на тркалезни маси што се однесуваа на состојбата во Европа, особено со мигранската криза. На овие средби разговаравме за интегративните процеси на Република Македонија во НАТО и во Европската унија, а исто така разговаравме и за состојбите во регионот и домашната состојба во Република Македонија, изјави Јолевски за Македонската Телевизија.

Министерот за одбрана говореше на тркалезна маса во Конгресот, заедно со поголем број конгресмени и истакнатиот сенатор и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн. На оваа конференција, Јолевски подвлече дека е важно да се забрза интегрирањето на балканските земји во НАТО и во Европската Унија и дека е потребно Македонија што поскоро да ја реализира поканата за членство во НАТО. 

 
 
05.02.2016 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега