Случајот „Судија малтретиран од Специјален обвинител“ утре пред Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители утре ќе расправа за последниот пријавен случај на злоупотреби од членови на тимот на Катица јанева. Претставката на судија кој бил малтретиран од специјална обвинителка веќе била препратена од Судскиот Совет до Советот на јавни обвинители.

Од таму велат дека претставката е примена и за неа ќе се расправа на првата седница, односно утре.

Неофицијално, во претставката било наведено дека судијата бил повикан на разговор во познат ресторан на скопскиот плоштад. Специјалната јавна обвинителка му се заканувала и го малтретирала се додека судијата не го напуштил објектот. За притисокот и заплашувањето судијата го известил Судскиот Совет.

Од таму вчера потврдија дека предметот бил доставен до надлежниот орган односно до Советот на јавни обвинители.

Ова не е прв случај кој се однесува на работењето на Специјалното јавно обвинителство а со кој сега ќе треба да се занимаваат јавните обвинители.

 Претходно граѓани кои беа мета на закани и уцени поднесоа кривични пријави против членови на тимот на Катица Јанева. И полицијата по службена должност поднесе кривична пријава против вработен во МВР кој нудел 100.000 евра поткуп за лажно сведочење кое требало да ја дискредитира поранешната министерка Гордана Јанкуловска.

Во последните две пријави кои пристигнале до јавното обвинителство, граѓаните се жалат дека биле премет на закани и уцени, дека биле психички малтретирани и застрашувани да дадат исказ со кој не се согласуваат или да соработуваат со СЈО без никаква покана.

Според извори од истрагата, едниот граѓанин ги пријавува Специјалните обвинители дека му упаднале дома без налог и ја избркале неговата мајка, наложувајќи и да ги остави сами. Се жали дека повеќе од еден час психички го малтретирале наложувајќи му даде изјава за нешто што не го направил.

Втората пријава  е од оштетена која била предмет на заплашување и закани.   Ја повикале без покана во соседниот локал на разговор. Откако ги одбила, лично и се јавило женско лице кое се претставило како обвинителка и и се заканило дека ако одбие да дојде, нема да помине така лесно со писмената покана.

Според неофицијални извори, истрагата на обвинителството за овие случаи прогресира а дел од оштетените кои поднеле кривични пријави веќе биле повикани и дале исказ.

Претходно во писмена изјава до медиумите Специјалното обвинителство демантираше дека членови на тимот малтретирале граѓани. Катица Канева сепак во изјава не сакаше да ги коментира обвинувањата од граѓаните и двете обвинителки кои беа отстранети од нејзиниот тим, тврдејќи дека во изминатите денови одмарала и била на прослави.  

 

 
 
04.02.2016 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега