Предлог на СДСМ: Медиумите да пишуваат како што Заев и СОРОС ќе диктираат

Истото законско решение кое СДСМ го понуди во преговорите, а кое во текот на вчерашниот ден посредникот Питер  Ван Хауте им го дал на политичките партии е цензорско и крајно недемократски. Најлошо според познавачите е оценувањето на неутралноста или објективноста при работењето на медиумите, што е директно мешање во слобдата на медиумите, со оглед на фактот што нема квантитативен и објективен начин како тоа би се оценило. Предлогот на СДСМ е вовед во цензура на медиумите.

Доколку се усвои ова законско решение напишано од СДСМ, а препишано и предложено од Ван Хауте, не само што нема да се подобри состојбата во медиумите туку дополнитело ќе се влоши, а слободата на изразување ќе се изедначи со онаа во најнедемократските земји.

Скандалозниот предлог за цензура, преточен во закон всушност значи медиумите да пишуваат како што Заев и СОРОС ќе диктираат.  После членот 62, се додаваат два нови члена 62-а и 62-б, кои се однесуваат на политички плурализам во вестите и дневно-информативните програми и политички плирализам во дебатните, актуело-информативните и контактните програми.

-Во вестите и дневно-информативните програми не смее прекумерно да се нагласуваат гледиштата и мислењата на една конкретна личност, институција или организација Презентерите на вести и новинарите, во вестите и дневно-информативните програми не смеат да изразуваат нивни лични гледишта, стои во третиот и петтиот став од членот 62а.

Ова е спротивно на сите европски и светски закони, особено ако се има предвид дека угледни медиуми како на пример Њу Јорк Тајмс, редовно изразуваат лични ставови со кои подржуваат или се противат на одредени политики, пишува Курир.

СДСМ се обидува да воспостави целосна контрола врз медиумите

СДСМ предлага СОРОС да го формира речиси целиот Совет на агенцијата за медиуми, со што оваа институција не би била ништо друго освен продолжена рака на СДСМ во борбата со најголемите политички непријатели на Заев, медиумите. Покрај целосната доминација во Советот, СДСМ сака НВО на СОРОС да имаат целосна доминација и во МРТ.

Во цензорскиот предлог закон на СДСМ стои дека овластени предлагачи на членови на Советот се две невладини организации кои се активни подолго од пет години во областа на унапредувањето на човековите права, медиумските слободи и демократските вредности и кои постигнале релевантни резултати во областа во која дејствуваат предлагаат по еден член.

Исто така, во став 4 од истиот член стои дека овластени предлагачи на членови на Програмскиот Совет се три невладини организации кои се активни подолго од пет години во областа на унапредувањето на човековите права, медиумските слободи и демократските вредности и кои постигнале релевантни резултати во областа во која дејствуваат предлагаат по еден член.

Ваквата мисија СДСМ очекува за него да ја одработи СОРОС, кој би имал 3 свои претставници во Советот, 2 од НВО и еден од Зружението на новинари на Македонија, кое како што е познато во јавноста е само продлжена рака на опозицијата. Дополнително, СДСМ предлага за извршувањето на она што Заев ќе го заповеда членовите да бидат богато наградени, односно предлага  месечен надоместок во висина до четири просечни месечни плати во Република Македонија според податоците објавени од Државниот завод за статистика

Ова според познавачите значи дека СДСМ и Зоран Заев се обидуваат да воспостават целосна контрола врз медиумите, бидејќи соросовиот Совет во Агенцијата за медиуми ќе може по сопствено убедување и според желбите на СДСМ да казнува и затвора медиуми. Со членовите на СОРОС и ЗНМ во Советот, СДСМ како никаде во Европа практично се обидува целосно под свое влијание да ги контролира медиумите и да укине било каква слобода на изразување.

Заев со цензорскиот закон во обид да им се одмазди на неговите политички непријатели

Откако пред два месеци на скандалозна прес-конференција Заев изјави дека медиумите се негови најголеми политички непријатели, тогаш е сосема јасно зошто првиот човек на опозицијата сега сака да воведе ваков цензорски, срамен и недемократски Закон за медиуми. Заев на 1-ви декември минатата година изјави дека најгледаните телевизии и најтиражниот дневен весник се политички непријатели на СДСМ.

– Во моментов став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и Македонската Радио Телевизија. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓу другото се финансирате и дел од пари на граѓаните.Тоа се и мои пари и ваши пари и на опозиционери и на поддржувачи на власта. Се бориме за независни медиуми, изјави Заев.

Ваквата закана и отворен притисок кон медиумите, вклучително и кон јавниот сервис предизвика остри реакции во новинарската фела. Со силна реакција се јавија главните уредници на медиумите кои Заев ги смета за непријатели. Уредниците на телевизиите Алфа, Сител, Канал 5, МТВ и весникот Дневник беа згрозени од изјавата на лидерот на СДСМ.

 

 

КУРИР

 
 
04.02.2016 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега