Дожд и магла на повеќе патишта: Се расипа времето, проблеми во сообраќајот

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Слаб дожд врне во Гостивар,на  Стража, Маврово, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, Буково, Пресека и Железнец. Магла со видливост до 100 метри има на патниот правец Демир Капија – Удово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 
 
04.02.2016 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега