Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за здравство, за одбрана и безбедност, на Националниот совет за евроинтеграции и на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за здравство треба да ги разгледа предлог-законите за слободните здравствени зони и за Центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести, во второ, односно прво читање, а Комисијата за одбрана и безбедност   Предлог-законот за изменување на Законот за полиција, во прво читање.

Во рамки на седницата на Националниот совет за евроинтеграции треба да се одржи  јавна расправа на тема „Улогата на граѓанскиот сектор во процесот на европска интеграција на Република Македонија.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе одржи две седници на кои меѓу останатите точки, се предлог - законите за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир  „Дамјан Груев” во Скопје, за изменување на законите за високото образование,  за основното образование,  за средното образование, за Академијата за наставници,  за образование на возрасните..... како и закони од повеќе други области. 

 
 
04.02.2016 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа