Времето се расипа за викенд: Еве што да очекувате

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои претпладне ќе бидат застапени во западните делови, меѓутоа до крајот на денот ќе се прошират насекаде. На планините и на некои повисоки места до вечер врнежите ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови особено кон крајот на денот можно е да паднат и до 20 л/м2 воден талог. Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч., што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно, ветровито и студено. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од еден до осум степени.

За време на викендот се очекува стабилно и посвежо време.

 

 
 
04.02.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега