Груевски: Бесплатниот јавен превоз полн погодок за студентите

Во првиот месец од почнувањето на проектот бесплатен јавен превоз за студенти поднесени се околу 12,5 илјади апликации што претставува одличен почеток за овој проект, оцени денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Во јануари, месец во којшто студентите не се на настава има 12.500 студенти кои подигнале соодветна документација за бесплатно користење на автобускиот превоз, така што имаме одличен старт над нашите очекувања  и огромен интерес. Сите тие средства што судентите досега  ги давале за јавен превоз сега ќе претставуваат директна заштеда за нив и за нивниотт животен стандард, рече Груевски.

Тој очекува уште поголем интерес да има во следниот период за користење на тоа право. - Ако во јанаури се јавија 12.500 студенти   очекувам бројката значително да расте во следните месеци и ќе имаме огромна искористеност на задовослтво на секој студент што има  потреба од јавен превоз, наведе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

 
 
03.02.2016 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега