ЕКСКЛУЗИВНО: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева

Обвинителка од тимот на Катица Јанева заплашувала судија и вршела притисок тој да соработува со Специјалното јавно обвинителство. Судијата за случајот веднаш го известил Судскиот Совет.

Извори од Советот за Press24  потврдуваат дека судијата поднел претставка за притисок и заплашување против член на тимот на Катица Јанева.  Целиот случај тие го препратиле до надлежен орган за понатамошно постапување. Во случајот за ваква претставка надлежно е Јавното обвинителство.

Неофицијално, во претставката било наведено дека судијата бил повикан на разговор во познат ресторан на скопскиот плоштад. Спцеијалната јавна обвинителка му се заканувала и го малтретирала се додека судијата не го напуштил објектот. Веднаш потоа случајот бил пријавен.

Ова не е прв случај кој се однесува на работењето на Специјалното јавно обвинителство а со кој сега ќе треба да се занимаваат јавните обвинители.

 

Претходно граѓани кои беа мета на закани и уцени поднесоа кривични пријави против членови на тимот на Катица Јанева. И полицијата по службена должност поднесе кривична пријава против вработен во МВР кој нудел 100.000 евра поткуп за лажно сведочење кое требало да ја дискредитира поранешната министерка Гордана Јанкуловска.

 
 
03.02.2016 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа