Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за образование, наука и спорт,  за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се повеќе точки меѓу кои и Предлог-законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во второ читање. Пред Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе бидат 27 точки меѓу кои дополнувањата на Законот за градежно земјиште и на Законот за градење, двата во второ читање како и предлог измените на Законот за домување, на Законот за комунални дејности во прво читање ...

Пратениците на Комисијата за труд и социјална политика треба да расправаат по 16 точки меѓу кои Предлог-законот за измени и дополнување на законите за пензиско инвалидско осигурување, за работни односи, за заштита на деца, сите вовторо читање...

Законодавно-правната комисија треба да расправа по повеќе точки кои се на дневен ред и на останатите комисии.

 
 
03.02.2016 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа