ФОТО: Груевски на средба со челниците на ИРИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со потпретседателот на ИРИ Томас Гарет и регионалниот директор на ИРИ за Европа Јан Сурочак.

На средбата, соопштуваат од владејачката партија, се дискутирало за можните форми на соработка, отвореноста за комуникација и плановите на ИРИ за работа во регионални рамки.

gruevski-sredba-iri1

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ги информираше соговорниците за актуелната општествено-политичка ситуација. Тој ја афирмираше заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на слободни, фер и демократски избори. Груевски ја изрази максималната поддршка која ја дава ВМРО-ДПМНЕ на институциите и одговорните субјекти надлежни за изборите во однос на активностите за нивно организирање, на датумот утврден со изборниот закон кој беше прифатен од парламентарните партии, се вели во соопштението на партијата.

gruevski-sredba-iri2

Груевски воедно ја истакнал подготвеноста за соработка со ИРИ во полињата каде постои взаемен интерес.

 
 
02.02.2016 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа