ДИК ја усвои методологијата за прочистување на избирачкиот список

Државната изборна комисија на денешната седница ги усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренска проверка заради ажурирање на истиот, соопшти вечерва ДИК, пренесе МИА.

Комисијата го усвои и правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, не ограничени теренски проверки и други соодветни признати методи за проверка.

Методологијата за прочистување на избирачкиот список ДИК ја усвои по добиената писмена согласност од четирите најголеми партии во Собранието на Република Македонија.

 
 
02.02.2016 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега