РТС: Електронското здравство заживеа во Македонија, Србија го презема „Мој термин“

За пациентите побрзо да доаѓаат до здравствени услуги, а лекарите да помогнат на време, неоходен е модерен и ефикасен здравствен систем. Тоа минатите години многу се најавуваше во Србија и веќе со години се очекува. Нашата екипа беше во Македонија, земјата која на ова поле направи многу, за што доби пофалби од Европската Унија, а чиј модел го превземаме и ние, јавува  РТС.

Во прилогот како што пренесува РТС, гужвите во здравствените чекални во Србија се сосема спротивна слика во Македонија за македонското здравство. Причината – воведување на електронско здравство со кое се решаат многубројните проблеми и се постигнуваат одлични резултати.

-Од селска амбуланта, до Клинички центри, се е покриено со информациски систем. За се да функционира, лекарите меѓу останатото, до петти во месецот треба да достават термини за работа за следниот месец.

-Пред воведување на електронското закажување и рецептите, се пишуваше многу, а со електронското воведување се олесни работата. Закажувањето е задолжително освен кога е случајот е итен или приоритетен. Разликата е огромна, вели доктор Нада Аници за РТС.

-Не ми беше тешко да се навикнам. Предностите се многубројни. Најважно е дека и ние и пациентите имаме увид како се работи во секоја установа во Македонија. Можам да видам како работи мој колега во било кој град, вели Никола Стојановски за РТС од Центарот за дијабетес.

-Денес имам 22 пациенти, секој закажан на 15 минути. За време на смената имам и пауза од половина час, а пациентите кои доаѓаат на контрола имаат термини по 13:30 часот, вели Андријана Чупуровска, специјалист по оториноларингологија.

Увид во слободните термини, имаат пациентите, лекарите, но и министерот за здравство., пишува РТС во извештајот. Тој во секој момент може да следи и провери колку рецепти и упати се издадени, кои дијагнози се најчести и кој колку работи.

-Имавме ситуација еден доктор да има два или три пациенти дневно, па министерот веднаш го најде неговиот телефонски број, му се јави и го праша: Зошто немаш повеќе термини, дали можеш да примиш 10 пациенти? Можеш? Па ајде., вели директорот на Управат за електронско здравство во Македонија Милан Аризанкоски за РТС.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Паевска Вучковиќ за РТС вели дека со воведувањето на овој систем за три пати е зголемен бројот на услуги, а 10 пати е скратено времето на чекање.

Анкетираните пациентите во изјава за РТС велат дека се задоволни со овој систем и нивните прегледи брзо се закажани.

РТС пишува дека според најавите од српското Министерство за здравство, до средина на годината и во Србија би требало да биде воведен ваков систем, а за тој проект ќе бидат издвоени 300 милиони динари.

 
 
02.02.2016 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа