Утре објава на огласот за владината мерка со која им се помага на младите земјоделци

Огласот за владината мерка со која им се помага на младите земјоделци со 10.000 евра неповратни средства ќе биде објавен утре и истиот ќе трае еден месец.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот работен состанок на тема: Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој се интересираше за тоа како течат роковите и дали е се подготвено.

-Поучени од минатата година и поради се поголемиот интерес кај младите да се занимаваат со земјоделие, и оваа година предвидовме износ од околу 1 милион евра за младите земјоделци. Огласот излегува утре, за користење на средства од програмата 2016 година. Ќе аплицираат сите кои ќе имаат бизнис план, програма. За реализација на инвестиција до 10.000 евра неповратни средства е нашата поддршка. Интересот е огромен, заради тоа што лани имаме исплатено околу 45 милиони денари. Интересот беше голем и од 143 апликации, 134 се одобрени, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Средствата, објасни тој се исплаќаат по реализацијата на бизнис планот. За оваа мерка може да аплицираат сите заинтересирани лица кои до моментот на поднесување на апликацијата немаат навршено 40 години.

 
 
02.02.2016 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега