Груевски: Оваа година за рурален развој ќе инвестираме над 33 милиони евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска присуствуваше на работен состанок на тема: Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој.

Тој со претставници на Владата, градоначалници и директори од овој ресор говореше за активните мерки со кои им се помага на земјоделците, но и за сите оние планирани работи кои ќе бидат од голема корист за овие граѓани.

Груевски потенцира дека програмата за рурален развој дава сериозни резултати, а со неа е постигнат значителен придонес и ефект.

-Како политичка гарнитура одлучивме секоја година да се инвестираат поголем број на средства во развој на земјоделието. Програмата која што се нуди секоја година дава сериозен ефект во решавањето на проблемите на граѓаните. Програмата за финансиска поддршка за рурален развој во 2016-та година е предвидено да биде 33.300.000 евра, рече Груевски.

Оваа програма е изработена во соработка со здруженијата, агро-компаниите и високонаучните установи.

Истата е насочена кон поддршка на проекти од инфраструктурен карактер, инвестиции во водостопанството и јавната инфраструктура, како и поддршка за економско здружување на земјоделските производители.

 
 
02.02.2016 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега