Следува голем температурен шок во Македонија

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во четврток ќе има врнежи од дожд кои на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег, информираат од УХМР.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог.

Во петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат

Во четврток и во петок, според прогнозата на УХМР, ќе дува умерен, силен ветер од северозападен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 километри на час и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Дневната температура ќе биде за повеќе од  10 степени пониска во однос на денешната. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно, но посвежо време.

 
 
02.02.2016 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега