Попоски: Македонија е подготвена да прими помош од Бугарија за мигрантите

Македонија е подготвена да прими помош од Бугарија во однос на обезбедувањето и контролата на нејзината јужна граница поради приливот на бегалци, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, пренесува БГНЕС.

- Секој европски партнер е добредојден, а тоа ја вклучува и Бугарија како наш сосед и партнер во процесот на евроатлантската интеграција. Така што, да (подготвени сме да примиме бугарска помош), изјавил Попоски на прашање на маргините од втората неформална средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка во ЈИЕ.

Што се однесува на позицијата на Скопје во однос на предлогот на Унгарија јужната граница на Македонија и на Бугарија да се смета како надворешна граница на Европската унија, Попоски одговорил дека се надева оти Грција ќе успее да ја контролира надворешната граница на ЕУ.

- Ние се уште се надеваме дека Грција ќе успее да ја контролира надворешната граница на ЕУ, така што ние се залагаме за планот А да успее, вели Попоски.

Планот Б, е всушност, предлогот поднесен од Унгарија, бидејќи Будимпешта и други земји се сомневаат во способноста на Грција да го контролира миграцискиот проток.

 
 
02.02.2016 - 14:55
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега