Светецот нема да ви даде благослов ако го правите ова: Еве што не смеете денеска!

Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин. Се роди во 377 година. Како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца, тој уште од детството му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра. Животот го исполни со подвизи и богомислие и достигна толкава духовна висина, што не можеше да се скрие од луѓето. Зашто, како што рече Христос: може ли да се скрие град на врвот од планината? Се упокои во 473 година со овие зборови на усните: Пред се имајте љубов меѓу себе си, зашто љубовта за добродетелта е тоа што е солта за храната.

На денешниот ден се смета дека е голем грев да се избрка некој кој проси од врата или да се одбие да се помогне некому ако тоа го бара од вас.

Ако не помогнете или одбиете некој кој бара милостина, цел живот светецот нема да ви помага и ќе бидете тажни.

 
 
02.02.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа