Високи температури среде зима: Што ќе се случува неделава?

Времето во Македонија ќе биде стабилно и релативно топло, со услови за утринска магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната  од 14 до 22 степена.

Во Скопје сончево со утринска магла во претпладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Значителна промена на времето се очекува во четврток кога ќе има заладување со засилен северен ветер и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок и за време на викендот повторно се очекува стабилизација со претежно сончево време.  

 
 
02.02.2016 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега